Илија Топурија: Го победувам Волкановски, а потоа одам против Холовеј

Илија Топурија верува дека ќе стане шампион во перо категорија.

Ѕвездата во подем се уште не ја знае за пореаз и оди против Александар Волкановски. Двајцата се предводници на настанот УФЦ 298 што ќе се одржи на 17 февруари во Лос Анџелес. Илија веќе се гледа како шампион бидејќи има предност пред Волкановски во граплинг и борба во партер.

Илија има скор од 14-0 во ММА и ги доби своите 6 борби за УФЦ. Панира да го земе појасот, а потоа да се соочи со Макс Холовеј.

„Тој е добар напаѓач, но не и најдобар борец. Тука имам предност. Не е толку добар на партер. Тоа ќе биде одлучувачки фактор. Неговиот пораз од Махачев не менува ништо за мене. Мојот пристап кон борбата останува ист. Сè уште сум фокусиран на победа.

Тренирам со најдобрите борци во светот и подготвен сум да го земам појасот. Алекс сега знае што е неуспех. Никогаш претходно не сум имал вакво искуство. Не сакам да знам што е тоа, ќе се соочам со Волкановски на 17 февруари, а потоа ќе се борам со Макс Холовеј во Шпанија. Тоа е мојата цел“, изјави Топурија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО