Викендов во Бања Лука, Босна и Херцеговина,се одржа состанок на Управниот одбор на Регионалната боксеркс лига, која ќе треба да стартува во март идната година. Оваа лига Ќе биде составена од претставници од Македонија, Србија (три екипи) Хрватска , БИХ, Романија.
„За претседател на УО е избран Хрватот Јурица Руниќ од Сплит. Седиштето на Регионалната лига ќе биде во Загреб. Јас сум потпретседател на УО. Се договоривме, Македонија официјално да ја претставува екипата на Пинк Пантер, која ги презема сите одговорностите околу учеството на македонскиот претставник во лигата. Нашиот клуб, каде што сум претседател, ќе ја состави најдобрата екипа со боксери и од други македонски градови“, вели Илија Младеновски.
Во македонската екипа ќе настапи и Димитар Ташков, кој се реактивира.
„Во идната година ќе настапувам на сите натпревари. Напорно тренирам и со нетрпение ја очекувам Регионалната боксерска лига. Тоа за сите нас е голем предизвик. Интерес постои и верувам дека ќе постигнеме добри резултати“, изјави Димитар Ташков.
Во Пинк Пантер, како тренер работи Ристе Грбев, потранешен боксер, а можно е да има и асистент тренер – Изет Асанов.
Во првото коло на Регионалната лига, Пинк Пантер во Штип ќе се состане со Војводина од Србија.
Ipon.mk/В.Д.