Илија Атанасов (92 кг) го освои бронзениот медал на Меѓународниот турнир „Пламен Пенев“ во Трговиште, Бугарија. Борачот на Бучим го освои медалот во исклучитлено силна кадетска конкуренција, каде што настапија 14 борачи од Бугарија, Турција, Украина и Романија.
Атанасов беше единствениот претставник на Бучим на овој турнир.
Инаку дел од младите борачи на Бучим се на 20-дневни подоготовки во Стара Загора кај познатиот тренер Дино Динечев. Под раководство на тренерот Влатко Анчев на подготовки се: Арон Николов, Мехмет Усинов, Никола Танев и Илија Атанасов.