ИЈКА Македонија: Семинарот и „Като куп Охрид 2022“ поминаа во стекнување на нови знаења и пријателства

Изминатиов викенд Карате асоцијацијата ИЈКА Македонија и Карате-до клубот Шидокан од Охрид беа домаќини на интернационален карате семинар и карате куп – „Като куп Охрид 2022“ на кој учествуваа 120 каратисти од 10 земји и тоа: Македонија, Бугарија, Англија, Унгарија, Шкотска, Ирска, Данска, Латвија, Јужноафриканска Република и Индија.

„Присутните каратисти имаа ретка можност на 5 богати двочасовни тренинзи на семинарот да ја учат вештината од повеќе интернационални сертифицирани инструктори и врвни мајстори во карате вештината“, вели сенсеи Глигор Глигорски и додава:

„Натпреварувачкиот дел помина во најдобар ред според очекувањата и планот. Целиот настан помина во пријателска атмосфера и во знак на стекнување нови знаења, но и нови пријателства меѓу каратистите од различните клубови и држави. Среќни сме што сите странски гости поминаа незаборавни денови во нашиот Охрид, па си одат со убави спомени и желби за повторно доаѓање“.

Глигороски истакнува дека натпреварувачите од Карате-до клубот Шидокан од Охрид ги покажаа своите вештини освојувајќи 22 медали – 1 златен, 7 сребрени и 14 бронзени медали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО