Игор Додевски го заврши непоразениот Жариќ во 1.рунда на ГФЦ 9 (ВИДЕО)

Игор Додевски (-63 кг) од Нинџуцу клубот Битола извојува нова ММА победана на ГФЦ 9 во Бујановац, Србија, што се одржа на 27 август. Додевски со завршница во првата рунда за 2:30 минути го совлада Петар Жариќ од Боречката академија Ахилеј од Белград, а кој беше во серија од 6 победи.

„Жариќ беше непоразен, а Игор успеа да го совлада школски и рутински и му го зададе првиот пораз. Борбата започна уште на мерењето со провокација од страна на српскиот борец, кој сакаше да предизвика страв кај Игор, турајќи го. Напротив, тоа предизвика дополнително мотивација плус, за Игор оваа борба ја одработи во вистинско светло и без поголеми потешкотии дојде до нова победа“, вели тренерот Сашко Мирчевски.

Тој најавува дека во октомври се очекува ГФЦ 10 за кој клубот од Битола подготвува борци за учество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON