ММА лигата на Хабиб Нурмагомедов објави видео во спомен на покојниот татко на дагестанската ѕвезда. Легендарниот тренер Абдулманап Нурмагомедов почина пред 2 години на 57-годишна возраст. Абдулманап го напушти овој свет поради проблеми со срцето и Ковид-19.
Во септември 2019 година тој беше прогласен од Руската книга на рекорди за најуспешен борбен самбо тренер во земјата. Таткото на Хабиб ја започна спортската кариера со борење во слободен стил, кое тој, како и многу деца од Дагестан, го практикуваше уште од мали нозе.
Додека служел во Советската армија почнал да вежба џудо и самбо. Неговиот прв голем успех како тренер дојде кога неговиот брат, Нурмагомед Нурмагомедов, го освои Светското првенство во самбо за украинската репрезентација во 1992 година.
Во текот на својата тренерска кариера тренираше вкупно 18 светски шампиони. Неколку месеци подоцна, Хабиб ја имаше последната борба во ММА и објави дека се повлекува со скор од 29-0 и како светски шампион на УФЦ.
Еве како лигата на Хабиб одбележа 2 години од смртта на Абдулманап:
'Two years ago, we lost the man without who Eagle FC wouldn't exist'
In Memory of Abdulmanap Nurmagomedov ❤️ pic.twitter.com/lwomkZGl3p
— Eagle FC (@EagleFightClub) July 3, 2022