ИЏФ го објави натпреварувачкиот калeндар до Олимпсиките игри

Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) го објави комплетниот список на натпревари што ќе се одржат во 2021 година пред Олимписките игри во Токио.

Првиот голем настан годинава ќе биде Мастерсот во Доха, Катар. Ќе се одржи помеѓу 11 и 13 јануари.

Во февруари, главниот град на Израел Тел Авив ќе биде домаќин на Грен слем турнир. Борбите ќе се одржат од 18 до 20 февруари.

Од 5 до 7 март Ташкент ќе биде домаќин на уште еден Грен слем турнир. Во последниот викенд истиот месец во Тбилиси, некои од најдобрите џудисти во светот ќе се натпреваруваат на уште едно издание на Грен слем турнирите.

Само неколку дена подоцна, 1-3 април, Анталија ќе биде домаќин на уште еден Грен слем турнир.

Традиционално силниот Грен слем во Париз ќе се одржи  на 8 и 9 мај.

Последните борби пред Олимписките игри ќе се одржат во Будимпешта на 8 и 13 јуни. Главниот град на Унгарија ќе биде домаќин на Светското првенство оваа година, така само еден месец пред шлагот на тортата, ќе бидат прогласени 14 светски шампиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО