Идриз Бислими освои златен медал на „Купот на револуцијата“ во Темишвар

Bislimi pobednik na Kupot na revolucijata

Идриз Бислими од БК Шкупи ја продолжува победничката серија на силните меѓународни турнири, а тоа го направи и синоќа на „Купот на револуцијата“ во Темишвар, Романија.

reprezentacija vo Temisvar

Бислими во финалето го совлда романскиот шампион Винтан Давидна и го освои златниот медал на овој силен турнир. Да потсетиме дека тој го освои првото место на „Златниот гонг“ во Скопје и беше најдобриот македонски боксер, и триумфираше и на „Адем Јашари“ во Пеќ, Косово.

„На Јасин Лама чиста борба му ја земаа. Сите мислевме дека нему ќе му ја дигнат раката, но ја кренаа на домашниот боксер Адријан Воицу. Алмир Нуришов и Гоце Јанески изгубија, но оставија добар впечаток“, вели тренерот на репрезентацијата Насер Харуни.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON