Најдобрата европска ММА организација КСВ остана без шампион во полутешка категорија.
Имено, Ибрагим Чужигаев пред четири дена преку Инстаграм ги извести фановите дека му истекол договорот со полската промоција, а тој решил да го напушти КСВ.
Потврдата стигна и од КСВ, која во објава на социјалните мрежи порача дека фановите може да очекуваат уште поголема возбуда.
Објавена е фотографија од шест борци во полутешка категорија.
Покрај хрватскиот борец Иван Ерслан, во комбинација се и Рафал Харатик, Марчин Војчик, Клебер Раимундо Силва, Бохдан Гнидко и Дамијан Пивоварчик.
KSW can confirm the departure of Ibragim Chuzhigaev. We would like to wish him all the best in his future endeavours.
As a result, the KSW light heavyweight title 👑 is now vacant and we have something exciting planned for you! 🤩 pic.twitter.com/4xqwFJDkub
— KSW (@KSW_MMA) December 5, 2023