Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) го суспендираше членството на седум национални федерации.
Боксерската асоцијација на Нов Зеланд, Германската боксерска асоцијација, Шведската боксерска федерација и Холандската боксерска федерација беа прогласени за виновни за кршење на правилата и прописите на ИБА и беа суспендирани како членови на организацијата.
Членството на Чешката боксерска асоцијација беше прекинато по организацијата на меѓународен турнир на кој им беше дозволено учество на боксери од САД. На 26 април Боксерската федерација на САД објави дека го прекинува членството во ИБА.
Управниот одбор на ИБА го суспендираше и членството на Боксерската асоцијација на Либерија, како и членството на Екваторијална Гвинеја. Двете федерации немаат доставено годишни извештаи согласно политиката за членство.
Сите национални федерации имаат јасни услови под кои нивното членство ќе биде целосно обновено. ИБА, исто така, истакнува дека спортистите од суспендираните национални федерации сè уште можат да учествуваат на натпревари под покровителство на меѓународната асоцијација, но мора да бидат регистрирани директно преку нејзиниот спортски оддел.
На 5 октомври минатата година ја укина суспензијата на правата на руските и белоруските боксери и им дозволи на спортистите од двете земји да се натпреваруваат на меѓународната сцена под националните симболи. Во таа насока, боксерските федерации на Велика Британија, САД, Полска, Швајцарија, Холандија, Ирска, Чешка, Канада и Украина објавија дека одбиваат да учествуваат на светските првенства за мажи и жени.