Иво Цветковски во категоријата до 75 килограми добро стартуваше на Светското првенство во карате во Германија и со 3-0 го совлада Јоханес-Гаути Отарсон од Исланд. Но, во наредниот меч со Алжирецот Уалид Буабауб, по најнепосакуваниот резултат 0-0, судиите победата му ја доделија на Алжирецот.
По елиминацијата Берат Јакупи и поразот на Цветковски се повеќе се намалуват шансите за медал. Сепак, да веруваме дека Тоде Ристески и Емил Павлов ќе не израдуваат.
ipon.mk/В.Д.