Женскиот ката тим на Македонија и на Балканското карате првенство за сениори во Истанбул ги покажа своите квалитети освојувајќи ја шампионската титула. Сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски и поискусната Пуликсенија Јованоска цврсто грабат кон светскиот врв во изведба на кати, за што зборуваат успесите од порано. Годинава главна цел се Европското првенство и Светското првенство за сениори.
Тие и во Истанбул имаа еден дерби меч и тоа со домаќинот, што го решија во всоја корист.
Дали полуфиналниот меч беше потежок од финалето?
Мишела и Маријана: -И двата меча беа тешки, но полуфиналниот беше со домаќинот, но и актуелниот европски сениорски шампион -Турција. Извојувавме победа над турската репрезентација со резултат 4-1 која беше фаворит на ова првенство.
Пуликсенија: – Според мене, да! Секако, ние секогаш даваме максимум без разлика на противникот. Но, мечот со Турција носеше тежина поради тоа што тие се уште се актуелни европски шампионии, и требаше да ги победиме „дома“ на „Истанбул опен од Карате 1 Премиер лигата (2015) и ги добивме со 3-2, а сега со 4-1. Тренерот од најмалии нозе ме научи дека со секого си пријател до моментот на влегување на татамито, само тогаш си противник. Така е и сега.
Дали ова е генералната проба за ЕП во Монпелје?
Маријана и Мишела: – Да ова е еден од чекорите за ЕП во Франција. Следуваат и Светскиот куп во Лашко, како и Премиер лигата во Салзбург- Австрија.
Настапуваше со температура, дури имаше размислувања на твојот тренер Елизабета Димоска да не се натпреваруваш. Кој беше мотивот да настапиш?
Маријана: – Спортот не учи да бидиме издржливи и силни личности во најтешките моменти ,како што беше овој. Вавка слична ситуација имав и на ЕП за сениори во 2015 година кога се боревме за бронзен медал, но и тогаш, како и сега, издржав и дадов се од себе. Нормално дека тоа има последици и е тешко за организмот, но дадов се од себе, не само за мене, туку и за другите девојки во тимот и за целата репрезентација. Во поединечниот настап во вториот дел од катата дури имаше и момент кога осетив дека можам да се онесвестам.
Мишела, како е кога ти се обраќаат со Маријана?
Мишела: -Нас постојано не грешат. Често ни се случува тоа и не ни смета. Ние сме навикнати на тоа.
Кој е построг тренер, мама или тато (за Мишела и Маријана)? Кој повеќе ве критикува како судија, мама или тато?
Мишела и Маријана: – И двајцата си го кажуваат своето мислење и ние ги слушаме и двајцата.
Може ли да очекуваме сениорски медал на ЕП и СП?
Мишела и Маријана: – Ние вежбаме за да носиме резултати за Македонија. Иако сите не нарекуваат млад тим, за брзо остваривме многу големи достигнувања. Изминатата година на ЕП за сениори бевме петти и сега работиме напорно за уште поголем резултат.
Пуликсенија: -Сениорски медал од ЕП. Ако изминатите годинии смее биле 5ти.. Целта е да ги надминиме досегашните достигнувања.. Наше е да вежбаме.
По подолга пауза, поради нивните обврски за СП и ЕП, настапуваш заедно на Балканијадата. Тешко ли беше да се вклопиш? Ги разликуваш ли сестрите?
Пуликсенија: -Точно, имаше долга пауза од натпревари, но не и од тренинг. Континуирано работиме заедно. Лесно е да се работи со близначки, двете се идентични во изведбата, а тоаа го олеснува вклопувањето и во ритамот, дишењто и движењата.
Хаххаххаха -за некого идентични за некого сосема различни.
Ги разликуваам дури и по гласот.
Нешто се лутевте една на друга на БП?
Маријана и Мишела: -Ние не се караме, погрешен впечаток имате. Пред натпревар секогаш сме наострени и концентрирани на настапот, така што не зборуваме многу (хахаха). Инаку, не се караме, не посебно пред натпревар.
Пуликсенија: – Можеби вие сте добиле впечаток на лутење. Обичноо сме фокусирани на натпреварот и изведбата, поради тоа што ката тимот значи и тешка дисциплина и бара големаа концентрација, буквалноо за секој детал на изведбата од почетокот до крајот.
Ipon.mk/В.Д.