И официјално Рајан Гарсија и Конор Бен ќе се соочат на 12 септември

Една од најочекуваните боксерски борби оваа година сега е официјална. Рајан Гарсија и Конор Бен ќе се соочат на 12 септември во Т-Мобиле aрената во Лас Вегас. По неколку недели шпекулации, извршниот директор на UFC, Дана Вајт, официјално ја потврди борбата на социјалните медиуми.
Мечот ќе се емитува во живо на Парамаунт+ во САД, а ДАЗН ќе го емитува настанот во остатокот од светот. 27-годишниот Гарсија останува една од најпопуларните личности во професионалниот бокс, и покрај подемите и падовите во последните години. Во 2023 година го претрпе првиот пораз во кариерата по нокаутот од Џервонта Дејвис-Тенк.
Гарсија потоа го победи Девин Хејни, но победата беше поништена откако беше позитивен на допинг тестот. Потоа следеше изненадувачки пораз со одлука од Роли Ромеро. Американецот се врати на победничките патеки во февруари кога го победи Марио Бариос за да ја освои титулата на ВБЦ во велтер категорија.
Во меѓувреме, Конор Бен ќе ја има втората борба под знамето на Зуфа бокс откако потпиша договор за повеќе борби со новата промоција. Британецот има професионален скор од 25 победи и 1 пораз. По единствениот пораз во кариерата, тој доби реванш против Крис Јубенк во ноември, а во април забележа убедлива победа со едногласна одлука над поранешниот светски шампион Реџис Прогре.
Бен сега се соочува со најголемиот предизвик во кариерата, натпреварувајќи се со Рајан Гарсија на 12 септември во она што би можело да биде еден од најголемите боксерски настани во годината.
https://x.com/ringmagazine/status/2077438109931725254



