И Магомед Анкалаев на настанот во Абу Даби? Сака меч против Александар Ракиќ

Реваншот меѓу шампионот во лесна категорија Ислам Махачев и Чарлс Оливеира ќе биде главен на настанот УФЦ 294 на 21 октомври во Абу Даби.

За тој настан беше најавена борба меѓу Хамзат Чимаев и Паоло Коста, но програмата може да биде уште поинтересна, бидејќи може да настапи и Магомед Анкалаев.

Имено, тренерот на дагестанскиот борец Сухраб Магомедов изјави оти се надева дека Анкалаев ќе настапи во Абу Даби, а ги истакна и потенцијалните противници – Александар Ракиќ и Никита Крилов.

Последниот меч Анкалаев го имаше во декември минатата година против Полјакот Јан Блачович, а борбата заврши нерешено.

Последниот меч Ракиќ го имаше во мај минатата година кога во третата рунда го повреди коленото, и не можеше да го продолжи мечот.

После тоа, српскиот борец од полутешка категорија замина на операција, а го чекаше малку подолго закрепнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by REDFURYMMA (@redfurymma_official)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON