И Федор Емилијаненко го кажа своето мислење за ринг девојките

Малкумина се согласуваат со размислувањето на поранешниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, кој неодамна изјави дека девојките од рингот не се потребни во боречките вештини.

Неговата изјава наиде на бројни реакции, а девојките од рингот Бритни Палмер и Аријанa Селестa, руската боксерка Анџелина Семенова, а пред неколку дена своите мисли ги искажа и шампионката на УФЦ, Валентина Шевченко.

Прашањето за девојките од рингот не го избегна ниту Федор Емелијаненко, кој се подготвува за пресметка против Американецот Тимоти Џонсон.

Руската ММА легенда се враќа во акција на настанот на Белатор што ќе се одржи на 23 октомври во Москва.

„Нивната работа е да носат табла на која пишува за која рунда е. Единствено што треба да се промени е попристојно да се облекуваат“, изјави руската ММА легенда.

А потоа беше побарно да го дообјасни тоа.

„И вака имам доволно проблеми. Не сакам уште со тие глупости да си ја полнам главата“, подвлече Федор Емелијаненко и ја заврши дискусијата за ринг девојките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON