АИБА го продложи рокот за пријавување на Севетското првенство во Белград до 4 октомври

Српската престолнина ќе биде домаќин на Светското првенство во бокс за мажи на АИБА од 24 октомври до 6 ноември. Досега, апликациите за учество на турнирот се поднесени од националните федерации на 68 земји, вклучувајќи ги Куба, Узбекистан, Тајланд, Филипините, Украина, Индија, Монголија и други.

Меѓу идните учесници се шампионите и победниците на најголемите и најважните боксерски турнири. Таквите sвезди се Хасанбој Дусматов, Хулио Ла Круз, Емомали Рамон и други светски познати боксери кои веќе се подготвуваат да го покажат своето највисоко ниво во Белград.

Поради фактот што бројот на апликации за учество ги надмина очекувањата на организаторите и поради бројните барања на националните федерации, раководството на АИБА одлучи да ги продолжи условите за акредитација до 4 октомври 2021 година.

За прв пат во 75-годишната историја на АИБА освојувачите на медали на претстојното Светско првенство Белград, Србија, ќе бидат наградени со значителни парични награди од АИБА. Наградниот фонд е 2,6 милиони американски долари. Наградата за прво место е 100.000 американски долари. Освојувачите на сребрен медал ќе добијат по 50.000 долари, а двете бронзи во секоја категорија добиваат по 25.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО