И Елемедин Сејфулаху ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство во борење за сениори во слободен стил во Букурешт, Романија. За бронзата ќе се бори против Швајцарецот Ренди Андријан Вок.
Сејфулаху во четвртфиналето загуби од Грузиецот Бека Ломтаѕе со технички туш 0-10, но тој се пласира во финалето па му овозможи борба за бронзата на нашиот борач. Борбата за бронзата е утре во 17 часот.
Да потсетиме дека пред еден час Владимир Егоров (-57 кг) го совлада Андреј Дуков од Романија за бронзениот медал во една возбудилива борба која заврши 7-4. Па така, по пауза од цели 12 години, Македонија освои медал на Европско првенство , последен пат во 2007 година се радувавме на еден континентален медал, кога Мурат Рамазанов (-60 кг) го освои бронзениот медал на ЕП во Софија, Бугарија.
Могамедгаџи Нуров загуби во борбата за бронзениот медал загуби од Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан) 0-5.
Резултати
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)
Могамедгаџи Нуров – Мураз Мчедлизе (Украина) 5-4
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-12 (ТТ)
За бронза
Могамедгаџи Нуров – Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан) 0-5
-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5
Репасаж
Владимир Егоров – Леван Вртанов (Шпанија) туш 3-3
За бронза
Владимир Егоров – Андреј Дуков (Романија) 7-4
-61 кг
Елмедин Сејфулаху – Бека Ломтаѕе (Грузија) 0-10 (ТТ)
За бронза
Елемедин Сејфулаху – Ренди Андрија Вок (Швајцарија)
Ipon.mk