Откако минатата недела победи на НАГА во кнежеството Монако, Кристијан Воденски-Кико, и денес не дозволи да биде изненаден. Тој победи и на германскиот шампионат на НАГА во бразилско џиу џицу во Дортмунд. Воденски настапи во екесперт категоријата до 25 кг.
Во првата борба во бразилско џиу џицу Воденски го совлада Мартин Коринек од Чешка од тимот Тајгер гим Прага, а во втората беше подобар од Англичанецот Џејк Мек Коли од Беса БЏЏ од Лондон.
Ова е четврта шампионска титула од НАГА на Кико, па така тој поставува своевиден рекорд. Со нестрапление ќе се очекуваат годините пред него, за да се покаже во кадетска и јуниорска конкуренција.
Неговиот тренер, односно татко, Ване Воденски, вели дека деншниот настап бил многу важен бидејќи сите значајни личности шсто се инволвирани во овој спорт биле во Дортмунд, како и спонзорите.
-Кристијан покажа дека е единственото дете од Германија што може да се бори и да победува со интернационалци. Само Кристјан од Герамнија успеа да обезбеди виоск пласман, да стане шампион. Имаше деца од цела Европа, а големиот Македонец Кико покажа дека е подготвен да се бори со противници од целиот свет, – изјави за ipon.mk Ване Воденски.
ipon.mk/В.Д.