И Бехар Махмути ќе настапи на „Петар Сираков“ во Бугарија

behar mahmuti

Покрај Јасин Реџелари и Бесмир Весели од Лирија, на турнирот „Петар Сираков“ овој викенд во Бугарија ќе патува и Бехар Махмути од Балканец, како дел од подготовките на репрезентацијата до 23 години, која ќе настапи на Европското првенство во Полска. Селекцијата ја води селекторот на сениорската репрезентација Љуљзим Вранези.

Додека Бобан Данов, Дејан Богданов, Давор Тасев, Иван Јанев, Николче Петров и Елмедин Сејфулау отидоа на подготовки во бугарскиот центар Бел Мекен до 23 март, заедно со бугарските борачи,  како дел одподготовките за Европските игри во Баку, Азербејџан, во јуни. Со нив ќе раководи селекторот на  малдинската репрезентација до 23 години Тони Танчев.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON