Конор Мек Грегор паузира повеќе од една ипол година откако ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер во јули 2021 година.
Неговото враќање е најавено за оваа година, но се шпекулира во која категорија би можел да настапи.
Всушност, ѕвездата на УФЦ е далеку од лесен во однос на неговиот моментален физички изглед, барем според фотографиите што често ги објавува на социјалните мрежи.
Конор последниве месеци многу вежбаше, доби огромна мускулна маса, а многумина се сомневаат дека користи стероиди. Многумина го прозваа за тоа, а шампионот во бантам категорија, Алџамејн Стерлинг не може да поверува како толку се здебели.
„Ги гледам неговите фотографии и навистина му се восхитувам како е извајан, би сакал да знам што прави. Неговите раце се огромни. Неговиот врат, градите… Изгледа како бодибилдер“, изјави Стерлинг и продолжи:
„Што се случува со него? Само Конор Мек Грегор може да ги објави тие чудни фотографии, сите останати би биле чудни во таа ситуација. Но, Конор може да направи се што прави обично. Но, понекогаш ми е непријатно да го видам како позира со Ролекс“.
Конор Мек Грегор најави враќање кон средината на годината, но прашање е дали тоа ќе се случи тогаш.
Неодамна се зборува дека противник во камбек мечот би можел да му биде Мајкл Чендлер.
View this post on Instagram