Спартански подвизи на Ристо Димитров-Чурино – истрчани стотици километри во тешки услови

Ристо Димитров-Чурино, тренер и натпреварувач во повеќе боречеки спортови, вели дека од септември до крајот на 2022 направил подвиг кој им успеал на малку луѓе. Имено, истрчал 9 трки во 4 месеци на најразличен терен со прерпеки и најрзлична елевација на терен.

„Почнав во септември со Сохар полумаратон во Сохар, Султанат Оман, односно истрчав 21 км во град.

Потоа отидов 1000 км на Југ во близина на Јемен, во градот Салалах и таму истрчав спартански трки, едната беше 10 км со 25 препреки на тежок терен и другата 5 км со 20 препреки“, образложува Димитров и додава:

„Во ноември исто така истрчав 2 трки во град. Во главниот град на Оман, Мускат, едната беше 21 км, а другата 5 км. Потоа заминав 7 дена во Индија на Светско првентство во Кураш (стар стилл џудо), за на 1-ви декември да го направам најголемиот подвиг, трка на 100 км на тежок планински терен со елевација од 400 до 2800м надморска височина“.

Тој вели дека натпреварувачката сесозна ја завршил со Спартан рејс трифекта викенд во Мускат.

„Завршив 3 трки (21 км и 35 препреки, 10 км и 25 препреки и 5 км и 20 препреки). Освоив 9 медали, еден трифекта викенд медал и едно посебно признание“, истакнува Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО