HWA RANG ITF концентриран на три меѓународни турнири

taekwondo metal

Таеквондо клубот HWA RANG ITF од Лескоец во периодот што следува ќе учествува на три силни меѓународни турнири.

На турнирот во Кула, Србија, што се одржува овој викенд, ќе се отпатува во скратен состав без најтрофејниот натпреварувач Миле Климоски кој поради повреда нема да може да ги брани боите на клубот. Климоски на последното натпреварување во Унгарија освои два медали, злато во форми и сребро во борби.

Клубот најмногу се концентрира на турнирот на 14 и 15 ноември во Благоевград, Бугарија. Ова е традиционално таеквондо  натпреварување и е еден од најсилните турнири во Европа, додека во регионот го има приматот „Најсилен таеквондо турнир“.

На овој турнир HWA RANG ITF ќе настапи поединечно и екипно  во борби на пионери и јуниори.

Последен турнир на кој ќе настапат таеквондистите е на 28 ноември во Лозница, Србија.

Резултатите од претходните натпреварувања влеваат надеж дека од екипата таеквондисти во HWA RANG ITF набрзо може да излезе и некој резултат од светски карактер.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО