Хва ранг ИТФ викендов ќе настапи на „Бугарија опен“ во Пловдив

Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид повторно во акција, по минатонеделниот онлајн натпревар „Балткуп опен 2021“, на кој натпреварувачите освоије 9 медали, овој викенд по долго време ќе настапат во живо на Меѓународниот таеквондо турнир од А класа „Бугарија опен”, што ќе се одржи во Пловдив на 26 и 27 јуни.

Марјанчо Лазаревски претседател и тренер на клубот изјави дека по нецели две години повторно се враќаат на татамите и се надеваат дека ќе освојат некој медал.

„Познато ни е дека во Бугарија подолго време течат натпреварите и дека овој е еден од најјаките турнири во Југоисточна Европа, но тоа нема никакво влијание на нашите натпреварувачи. Се надевам дека нивното искуство се уште е на солидно ниво. Подготовките течеа со добро темпо, па, секако, се надеваме на успех. Исто така, еден од најдобрите поединци на Македонија, Давид Велковски кој 2019 стигна до полуфинале на Светското првенство, ќе учествува со повреда и во повозрасна категорија – сениори, каде го чека тешка кокуренција“, истакна Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON