Хва ранг ИТФ со полн погодок од Мали Зворник- 5 златни, 4 сребрени и 4 брозени медфли

Hva rang itf mali zvornik site 2016

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид, викендов освои 5 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали на Меѓународниот ИТФ трунир во Мали Зворник во соседна Србија, на кој учествуваа околу 240 такмичари од 19 клубови од неколку земји од регионот.

HVa rang iTf prvak vo Mali ZVornik 2016

За прв пат Хва ранг ИТФ се врати со најмногу освоени златни медали од еден турнир (овде може да го погледнете видеото) и по трет пат сите натпреварувачи освоија медали.

За прв пат со златен медал се закитија Давид Велковски во спаринг(борби) -50 кг за деца до 13 години и Антонио Јанески , кој во Словенија на 13 години се зпаиша како нокаутер, во спаринг(борби) -45 кг,  дојде до златото победувајќи го репрезенативецот на Србија , кој учествуваше на Европското првенство во Солун во парил. Ова е наја дека  треба многу да се вложи во него.

Златни медали овоија уште Елена Јанеска во спаринг(борби) -45 кг, девојчина до 10 години, на која ова и е 5 злато; Јане Димов  во форми 8-7 куп  јуниори 14-17 години и Миле Климоски  во форми 6-5 куп сениори, кој е редовен освојувач на медали во оваа дисциплина.

Со сребрени медали се закитија Александар Јовановски, кој ќе биде нашиот претсавник  на Светско првенство во Италија за јуниори, всушност освои две сребра, во дисциплината форми 2-1 куп и спаринг борби -69 кг, јуниори 16-17 години.

„Александар во финалето беше оштетен од страна на судиите, кои по неколку продолженија, па на златен поен, и со неколку освоени поени на Александар, безобразно, му ја доделија победата на противникот“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Hva rang itf medalist vo Mali zvornik 2016

Миле Климоски во спаринг (борби) сениори -63 кг и Христијан Митрески во спаринг(борби)  +60  кг, деца до 13 години, исто така освоија сребрени медали.

Бронзени медали освоија Давид  Крстески  во спаринг(борби) -30 кг, деца до 10 години, кој, според тренерот, бил оштетен во продолженија од судиите, а бил еден од кандидатите за златен медал; Божидар Димитриевиќ  во форми 6-5 куп, деца до 13 години; Јана Спасеска во спаринг(борби) -55 кг, девојчина до 13 години и Марио Крстески во форми 8-7 куп, деца до 13 години.

Ipon.mk/В. Д.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON