Хва ранг ИТФ се враќа со 17 медали од „Нитра купот“ во Словачка (ФОТО)

Hva rang ITF naNitra vo Slovacka 2016

Натпреварувачите на Теквондо клубот Хва ранг ИТФ Лескоец-Охрид викендов освоија 16 медали на „Нитра“ турнорот во Словачка, кој се смета за еден од најсилните турнир во централна Европа.

Од освоените 16 медали 6 се златни, 5 сребрени и 5 бронзени.

Hva rang ITF Nitra na piedestal deca 2016

Натпреварувачите на Хва ранг ИТФ настапија во три дисциплини: форми, спаринг поединечно и спаринг екипно за деца 12-13 години.

Во форми со медали се закитија: Миле Климоски-злато, Давид Крстески-бронза и Јане Димов-бронза.

Во спаринг (борби) поединечно медали освоија: Елена Јанеска -злато ( 4 по ред во спаринг ), Јана Спасеска-злато, Марио Крстески-злато, Давид Крстески –злато, Јане-Димов-злато, Миле Климоски –сребро (беше оштетен во финалето од старна на судиите), бронзени се Давид Велковскиа, Божидар Димитриевиќ, Антонио Јанески и Александар Јованоски.

Спаринг екипно сребрени медали за: Антонио Јанески, Христијан Митрески, Божидар Димитриевиќ и Хриситјан Митрески.

Hva rang Itf Slovacka decsko na piedestal 2016

„Ова ни е втор турнир од каде што сите натпреварувачи се враќаат со злато и се надеваме дека и во иднина ќе носиме успеси“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Ова е рекорд на клубот на освоени медали од еден турнир.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON