Хва ранг ИТФ освои три медали на „Бугарија опен“, а судиите ги одредуваа патиниците за Европското првенство (ФОТО/ВИДЕО)

Таеквондистите на Хва ранг ИТФ од Лескоец – Охри освоија три медали изминатиов викнед на Меѓународниот турнир „Бугарија опен“ во Пловдив, но судиската пристрасност и ја одзеде можноста на нашите натпреварувачи да настапат на Европското првенство.

Филип Трифуноски (-65 кг) освои сребрен медал во кадетска конкуренција (12-13 години). Тренерот Марјанчо Лазаревски вели дека Филип во финалето е оштетен од судиите и за малку не исполнил критеиум за учество на Европското првенство.

Елена Јанеска освои две бронзи во борби за кадети 12-13 години и во форми за жолт појас, кадети 12-13 години. Елена требало да го освои златниот медал во борби за да учествува на Европското првнетсво, но судиите и нејзе ја победиле во полуфиналето, според нејзиниот тренер.

„Беа оштетени скоро сите наши натпреварувачи од страна на судиите, посебно јуниорите. Кога ќе дојдеа до четвртфиналето тие беа победувани од судиите, на што за нас реагираа претставниците од Србија, Словенија, Австрија. Ние сме мала федерација и сме од една малечка земја и сме безгласни во однос на судиските одлуки“, вели Лазаревски.

На овој силен турнир од А класа на ИТФ учествуваа над 700 натпреварувачи од преку 60 клубови од 15 земји од Европа, како  Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Грција, Австрија, Молдавија, Романија, Чешка, Украина, Велс, Естонија, Хрватска и Англија. На турнирот фалеше Русија, за да биде комплетиран европската елита. Според квалитетот на натпреварувачите и посетеноста, турнирот бил на рамниште на Европско првенство.

„На овај турнир многу  натпреварувачи бркаа критериум за учество на Европското, но, за жал, победија судиите. Ќе го паметиме овај турнир по огромната пристрасност, како на грчките така и на Бугарските судии, кои им помогнаа на своите натпреварувачи да исполнат критериуми на штета на другите држави. Своето незадоволство го изразија повеќе држави“, истакнува Лазаревски.

https://www.facebook.com/marjancho.lazarevski/videos/10217713072048323/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON