ХВА РАНГ ИТФ одбележа 30 години постоење и ја прослави најуспешната година

На пригодна свеченост Таеквондо клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, одбележа 30 години постоење на спортската сцена. Воедно клубот ја прослави и најуспешната година во нивната историја.

Оваа година теквондистите учествуваа на 8 меѓународни натпревари при што освоија 47 златни медали, 46 сребрени, 70 бронзени и 9 пехари, од кои 6 за најдобри поединци, 3 за најдобар клуб, од кој едниот е освоен за најдобар клуб прво место на Гран при во Зворник, БиХ.

Сите овие 30 години Таеквондо ИТФ во Македонија се запишани на околу 300 страници во книгата „Патот до црн појас” од авторот Марјанчо Лазаревски, претседател на Таеквондо ИТФ Македонија, носител на црн појас В дан и поранешен светски вицешампион Прага ’96.

Книгата е првиот пишан документ во Македонија од ваков тип на литература, а авторот ја посвети на генералниот спонзор „ПН Метал”, кој е најзаслужен во последните десетина години за сите успеси на клубот и федерацијата.

„Потребата од стручна литература во текот на изминатите години ни беше повеќе од неопходна и со текот на годините го собиравме нашето знаење и се одлучивме да ја напишеме оваа книга, која ќе им биде од голема помош на сите љубители на овој спорт. Во книгата опфатена е и програмата и техниките кои се потребни да се знаат за полагање на појасите, прикажани со илустрација на слики од некои наши натпреварувачи. Исто така опфатен е и краток историјат за Таеквондо ИТФ во Македонија, потоа основните начела и принципи кои треба да ги познава и да ги почитува секој кој го негува теквондо спортот“, изјави Лазаревски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON