Македонските таеквондисти освоија 53 медали – 11 златни, 16 сребрени и 26 бронзени на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2024“ што се одржа во саботата. Во вкупниот пласман Македонија е втора, а првото место и припадна на бројната екипа на Бугарија со 117 одличја (43-29-45), додека на третото место е Србија 18 (5-4-9).
По клубови, Фалкон од Бугарија е најуспешен со 21 медал – 9 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, потоа следат Тајгер тим 18 (7-2-9), Василена 11 (6-2-3), Некст 11 (6-0-5) и домќинот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид кој беше организатор со Македонската традиционална теквон-до федерација.
Од македонскит клубови најуспешен е Хва ранг ИТФ Лескоец кој со 19 натпреаварувачи и осовои 2 пехари за најдобар поединец и 23 медали – 5 златни, 11 сребрени и 7 бронзени.
Овојувачи на медали за Хва ранг ИТФ се:
-Христијана Парулеска
2 место форми црн појас 1 дан јуниорки 14-15 години
1 место борби јуниорки 14-15 години до 55кг
-Климент Богоески
2 место форми плав појас јуниори 14-15 години
-Анастасија Чулческа
1 место форми зелен појас јуниорки 14-15 години
1 место борби јуниорки 14-15 години до 65кг
Пехар за најдобра јуниорка 14-15 години
– Меланија Јанеска
3 место форми жолт појас деца 8-9 години
-Михаил Јоноски
1 место форми плав појас јуниори 16-17 години
2 место борби јуниори 16-17 години до 69кг
Пехар за најдобар јуниор 16-17 годни
-Адријана Китаноска
3 место форми жолт појас деца 8-9 години
-Даријан Китаноски
3 место форми зелен појас кадети 12-13 години
-Бојана Китановска
2 место борби деца 8-9 години до 35кг
-Мартин Плевнароски
3 место форми жолт појас кадети 12-13 години
3 место борби деца 8-9 години до 60кг
-Давид Ристески
3 место борби кадети 12-13 години до 50кг
-Христина Шибаковска
2 место форми жолт појас јунироки 14-15 години
2 место борби јунорки 14-15 години 65+ кг
-Христијан Шибаковски
2 место форми жолт појас кадети 10-11 години
-Миа Танеска
1 место форми зелен појас кадети 10-11 години
-Тамара Тодороска
2 место форми жолт појас кадети 12-13 години
3 место борби кадети 12-13 години до 50кг
-Теодора Тодороска
2 место форми зелен појас јуниорки 14-15 години
2 место борби јуниорки 14-15 години до 65кг
-Михаил Трајкоски
2 место форми жолт појас јуниори 14-15 години
-Анастасија Трифуноска
1 место форми жолт појас кадети 12-13 години
2 место борби кадети 12-13 години до 55кг
Ахилиус од Скопје настапи со 5 натпреварувачи во две дисциплини спаринг и форми, притоа освои 7 медали.
Освојувачи на медали за Ахилиус се:
– Митреска Теодора – борби до 62кг – 2место
– Митреска Теодора – форми син појас -3 место
– Митреска филип – борби до 65кг- 3 место
– Митрески Филип – форми зелен појас- 2 место
– Велковски Давид (тренер во клубот) – борби до 78 кг – 2 место
– Димитриевиќ Божидар (тренер во клубот) – борби до 92 кг- 1 место
(Ќе се дополнува текстот со македонските освојувачи на медали)
Македонските клубови настапија со следниот борј натпреварувачи: Мастер – 6, Ахилиус 5, Хва ранг ИТФ 19, Сонкал 8, Чонџи 4 и Хва ранг фист 10.
Учестваа над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји во регионов, како Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.
„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот, каде што Бугарската ИТФ федерација учествуваше со над 180 членови. Истотака имавме чест да учествуваат репрезентациите на неколку држави, со што беше и квалитетот на натпреварот на повисоко ниво од минатата година.
„Овај натпревар го организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој беше лично задолжен г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот мастер Вергилиј Ситнилски, носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, претседател на судискиот комитет за Источна Европа и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација. Тој со своето искуство помогна овој турнир да тече без никаков застој и во најдобар ред, при што користиме прилика да му се заблагодариме јавно, а воедно благодарност до судиската екипа која делеше несебично правда и овозможија најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски и додава:
„Читајќи ги коментарите од гостите на турнирот и на сите очевидци, направивме натпревар што ретко некој во Македонија може да се пофали дека направил таква организација, со што се гордееме“