Хва ранг ИТФ на „Србија опен 2019“ брка норми за Европското првенство во Римини

 

Хва ранг ИТФ сезоната ја почнува на „Србија опен 2019“ – меѓународен турнир од А-класа на таеквондо ИТФ кој ќе се одржи викендов во Суботица.

Фактички овој турнир е последната „сламка“ (критериум) за учество на Европското првенство во Римини -Италија, кое ќе се одржи од 31 март до 7 април. Конкуренцијата на турнирото ќе биде голема,бидејќи своетое го имат пријавено и најјаките репрезентации, како Украина, Бугарија, Чешка, Бугарија, Словенија, Италија и други.

„На овај турнир ќе настапиме малку со поразличен состав од стандардниот. Одлучивме на овој турнир да ги носиме јуниорите кои имаат шанси за пласман, иако и треба многу, со надеж дека некој би успеал да обезбеди пласман. Половина екипа се дебитанти, а се надеваме дека некои од нив ќе не изненадат со солиден успех. На ваков чекор се одлучивме поради тоа што некој од редовните натпреварувачи се повредени, а некои имаат училишни обврски“,вели првиот човек на клубот Марјанчо Лазаревски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON