Хва ранг ИТФ на „Бугарија опен 2018“ ќе обезбедува норми за ЕП на ИТФ

Викендов Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид ќе учествува на најсилниот меѓународен таеквондо турнир на ИТФ од А класа „Бугарија опен 2018“ во Пловдив, Бугарија. 

Боите на Хва ранг ИТФ ќе ги бранат Давид Крстески, Марио Крстески, Филип Трифуноски, Елена Јанеска, Антонио Јанески, Христијан Митрески, Јане Димов и Давид Велковски.

„Се надеваме дека и овај пат нашите натпреварувачи ќе не претстават во најубаво светло и ќе успеат да се закитат со некој медал. Овој турнир е критериум за учество на наредното Европско првенство. Елена Јанеска, Марио Крстески и Филип Трифуноски, се надеваме дека некој од нив ќе успее да обезбеди пласман“, вели претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON