Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, викендов ќе учествува на Меѓународниот таеквондо турнир на ИТФ „15 Љубљана опен 2017″ во Словенија , кој важи за еден од најјаките турнири во пролетна натпреварувачка сезона.
Таеквондистите на Хва ранг ИТФ ќе настапат во три дисциплини: борби и форми поединечно и екипно борби. На татамито ќе излезат со три екипи: девојчиња до 13 години, деца до 13 години и јуниори до 18 години.
„Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на ТКД Хва ранг ИТФ ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.
Ipon.mk/В.Д.