Хва ранг ИТФ го одложи учеството на турнирот во Суботица

Таеквон до клубот ХВА ранг ИТФ од Лескоец-Охрид викендов (1 март) требаше да учествува на еден од најдобрите меѓународни турнири на овие простори од А класа на ИТФ во Суботица-Србија. Но, поради ситуацијата со коронавирусот, го одложија учеството.

„Додека не се стабилизира ситуацијата со коронавирусот ги одлагаме сите патувања во блиска иднина. Како клуб, а воедно и како тренер, наша цел и морална должност е правилен раст и развој на децата и најбитно е да се грижиме за нивното здравје. Ви благодарам на сите за подршката и разбирањето“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON