ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Спортистите и спортските новинари од Битола даруваа крв (ФОТО)

dariteli-na-krv-vo-bitola-solekari

Денес по 6-ти пат во Битола се одржа хуманитарната акција за дарување крв „Хуманост на дело“ во организација на општинаската администрација и спортистите, како пример на здрави и хумани млади луѓе.

dimsa-go-pregelduvaat-za-krv

toni-bosevski-daruva-krv

Да потсетиме дека од минатата година се вклучија и спортските новинари и работници во спортот.

gordana-portret

„Во првопријавените хуманисти се спортистите од највисоките првенствени лиги од колективните спортови: кошарка, фудбал и ракомет, како и спортисти (кикбоксери, ММА борци, боксери, џудисти и др.) и спортски новинари кои веќе се препознатливи по нивното учество од минатите акции и континуирано ја покажуваат својата посветеност. Токму тие беа инспирација за денешниот слоган „ХУМАНОСТ НА ДЕЛО“, кој ја потврдува нивната докажаност на ова поле. Иако на почетокот ова беше иницирано од друго место, сега овој настан, на наше големо задоволство, станува нивна сопствена иницијатива која ќе трае уште многу години“, репрезентативката во кик бокси тренер Гордана Цветковска Бошевска која е вработена во Општина Битола.

daruvaat-krv-sportisti-bitola

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО