Хулио Чавез Јуниор: Овидио Гузман е добар човек!

Пред неколку дена во Мексико започнаа некои луди настани кои доведоа до немири. Рано утрото на 5 јануари Националната гарда го уапси синот на познатиот наркобос „Ел Чапо“, 32-годишниот Овидио Гузман, наречен „Ел Ратон“.

Според министерот за одбрана на Мексико, генерал Луис Кресенсио Сандовал, пред апсењето на Гузман, тој бил под таен надзор 6 месеци. Американските власти ветија 5 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.

Некои ќе прашаат – како оваа ситуација во Мексико е поврзана со спортот? Гузман е тесно поврзан со поранешниот светски шампион во бокс во средна категорија, Хулио Цезар Чавез Јуниор. Најопасниот наркобос и познатиот боксер ги обединуваат семејните врски.

Внуката на „Ел Ратон“ живее со Чавез под ист покрив. Софија Гузман Муњоз е посвоена ќерка на боксерот. Младата девојка се занимава со манекенство и музика. Таа има повеќе од 100 илјади следбеници на социјалните мрежи.

„Овидио? Тој е вујко на ќерка ми. Добро го познавам и тој е добар човек. Мислам дека е одлично момче, не знам што велат за него на другите места.

Се разбирам со сите, не ме врзува за никој. Единствената врска што ја имам со овој човек е дека тој е вујко на ќерка ми и ништо друго.

Се согласувам со сите“, изјави Чавез Јуниор, цитиран од ТуЦ Спорт.

Операцијата за апсење на „Ел Ратон“ беше исклучително бучна: со пукање и палење автомобили.

Како резултат на гранатирањето загинаа 29 лица, меѓу кои 10 воени лица и 19 осомничени членови на нарко картели. Во исто време неколку куршуми го погодиле авионот на локална авиокомпанија.

Гузман е обвинет дека водел филијала на нарко картелот Синалоа, основан од неговиот татко. Таа е една од најголемите подземни организации во светот кои се занимаваат со производство, шверц и трговија со дрога.

По веста за апсењето, по улиците на градот владее хаос: почна пукање, некој почнал да пали автомобили. На социјалните мрежи станаа вирални видеа од автобуси во пожар кои ги блокираат патиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО