Победничката од реалното шоу The Ultimate Fighter, Хулијана Пена вчера е упасена. Според извештајот од полицијата, Пена и тренинг партнерот, Џош Гоув, биле едни од главните учесници.
Пена и Гоув обиделе да влезат во ноќен бар, а целото лице на Гоув било во крв и тој побарал да се измие во тоалетот. Вработените на локалот рекле дека барот е затворен, што ја изнервирало Пена.
Сведоци тврдат дека Пена го удрила со нога еден од вработените во слабините, а сопственикот на локалот повикал уште двајца како засилување. Во меѓувреме, сведоците тврдат дека Гоув си го триел раскрвареното лице од прозорците на барот.