Хрватска: Тренер од боречките спортови во притвор, затоа што пипкал девојчиња, најмладата имала 11 години

Тренер во боречките спортови е во притвор во Хрватска, затоа што ги пипкал девојчињата. Најмладата имала 11 години, а најстарата 17, пишуваат хрватските медиуми.

Обвинителството го обвинува за повеќе дела на сексуално малтретирање, блудничење, сексуална злоупотреба на дете постаро од петнаесет години

Мажот (66) е тренер во боречки клуб во Загреб, и е осомничен за повеќе дела на сексуално малтретирање и експлоатација на дете. Истражниот судија на Жупанискиот суд му одреди едномесечен притвор поради можното влијание врз сведоците.

Во исто време, истражниот судија го одбил предлогот на обвинителството да се прритвори 66-годишнкиот и поради опасност од повторување на делото, па Општинското државно обвинителство во Загреб ќе се жали на тој дел од одлуката.

Тој освојувал државни првенства.

Осомничениот 66-годишниот од 2003 до 2015 година како тренер на еден клуб во кој се тренира боречки спорт сексуално злоставувал во неколку наврати четири девојчиња и девојки. Најмладата повредена имала 11, а најстарата 17 години. Обвинителството го сомничи за повеќе акти на сексуално вознемирување, блудничење, сексуална злоупотреба на дете постаро од петнаесет години …

Со други зборови, 66-годишникот се осомничи дека на оштетените се обраќал непремерно алудирајќи на секс, дека ги пипкал или од нив барал него да го пипкаат…

Станува збор за дела за кои се изрекува казна затвор од една до три години. Осомничениот во младоста и самиот се бавел со боречки спортови и освојувал национални првенства. Покрај тоа е челник еден боречки сојуз, а од 2013 година високп котира и во европската федерација на тој спорт.

На кратко, станува збор за долгогодишен спортски функционер кој извршувал високи функции во спортот. Непријатна приказна за него трегнала пред околу дваесетина дена кога една од девојките кои биле сексуално вознемирувани го пријавила во полиција. Отккао оштетената раскажала што се случувало, полицијата започна спроведување на  истрага и прибирање на податоци, но во одреден момент тропнала и на вратата на 66-годишникот.

Претресен му е станот и му е одземено се што може да биде корисно во расветлувањето на делото за кое се сомничи. Деталите за таа гнасна приказна не се познати, бидејќи полицијата, како и секогаш, во вакви ситуации, ги заштитува жртвите. Засега не е познато дали оштетената на некого раскажала што се случува или 66-годишникот сама го пријавила на полицијата. Само се знае дека сето тоа се случувало најмалку осум години, што значи дека полицијата и обвинителството веројатно ќе спроведат сеопфатна истрага.

Во текот на оваа истрага ќе се соберат сите материјални и лични докази. Односно, истражителот, најверојатно, ќе ги прегледа мобилниот телефон и компјутерот на 66-годишникот, со цел да се утврди дали на оштетените преку мобилни телефон и компјутерот им испраќал пораки или фотографии на несоодветни содржини.

Исто така истражителот ќе разговара со оштетените и луѓето од семејството, деловното и спортското опкружување на 66-годишикот, а ќе се испитува и дали имало и други жртви. Сите овие активности ќе може да се спроведат откако решението за спроведување на истрагата против 66-годишникот ќе стане првосилна и по разгледувањето на жалбите за одредување на притвор.

Овој функционер е близок со дотичната спортска федерација во Македонија и важи за добар пријател на тој спорт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО