Хрватот Малден Бретсовац ќе се сретне со Андерсон Силва

Brestovac FFC 17

Најдобриот хрватски кик боксер, Младен Брестовац, прв пат во ринг во 2016 година ќе влезат на 27 февруари. Фајт сајт јавува дека „Скорпион стинг“ ќе настапи на големиот настан на Глори во Чикаго (Глори 27), а дека противник ќе му биде Бразилецот Андерсон „Braddock“ Силва.

Да потсетиме дека двоецот веќе требаше да се сретне во 2015 година, но Силва не го помина медицинскиот преглед, па мечот беше откажан. Подоцна Брестовац настапи на турнирот на Глори на четирите предизвикувачи во тешка категорија и беше поразен во првата рунда од Бенџамин Адегбуји.

Со оглед на поразот во Франција кон крајот на годината, пред Младен е обидот да се врати на победничките патеки. Од 2012-2015 година, тој собра дури 12 победи по ред, а потоа таа низа беше прекината на средбата со романскиот тешкаш. Бразилецот, исто така, има два порази по ред; од харитонов и Бен Садик.

Настанот во Чикаго го предводат од Артем Левин и Симон Маркус со нивната трета меѓусебна средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО