Хрватката Петра Матијашевиќ ќе настапи на Светското првенство за Македонија!

Petra Matijasevic

Хрватката Петра Матијашевиќ е новиот член на Македонската таеквондо репрезентација (МТФ).

Петра е од Хрватска, но со одлука на МТФ доби македонско државјанство и за три дена ќе настапи на Светското сениорско првенство во Русија за Македонија.

Матијашевиќ има завидни успеси зад себе, бронзен медал на Европско првеснтво и е петта на Светско првенство. Од МТФ велат декаглавната цел е Матијашевиќ да исполни норма за Олимписките игри во Бразил 2016 година.

Таа една недела престојувала во Македонија, за тоа време работела по два тренинга на ден со македонските натпреварувачи.

Раководтсвото на МТФ и посакува огромна среќа на светското првенство и од нејзе очекува медал. Петра утрово отпатува за Русија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО