Христијана Парулеска се закити со сребрен медал на Европското првенство во таеквондо на ИТФ

Христијана Парулеска се закити со сребрен медал на Европското првенство во таеквондо на ИТФ во Пореч, Хрватска. Таа го освои среброто во борби во кадетска конкуренција 11-13 години во категоријата со 45 килограми.

Во првата борба беше слободна, а во четвртфиналето извојува победа над натпреварувачката од Шпанија, во полуфинале против Италијанка, додека во финалето загуби од Украинка.

Парулеска е првото девојче од Македонија кое се закитило со медал на Европско првенство на 12 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО