Христијан Глигороски и Лилјана Недановска на дводневен тренинг-камп во Сараево

Македонските репрезентативци Христијан Глигороски и Лилјана Недановска, предводени од в.д. селекторот Александар Фузевски и тренерот на ЏК Преспа, Борче Недановски, остануваат на тренинг-кампот во Сараево, кој почна вчера и ќе трае до утре.

Инаку, Глигороски и Недановска викендов настапија на Европскиот куп (ЕК) во џудо за јуниори, во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што имаа солиден настап.

Имаа по една победа и пораз во конкуренција на 268 учесници (166 џудисти и 102 џудистки) од 18 држави. Со тоа што Недановска доби можност во репасажната борба.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON