Храбри борби на Шерифовски и Чакаровски на џудо турнирот во Софија

Денес на Софија европски опен во Софија, Бугарија, настапија македонските џудисти Еди Шерифовски и Андреј Чакаровски, во силна сениорска конкуренција загубија од натпреварувачи од Бугарија и Унгарија.  

Еди Шерифовски загуби со сомнителна судиска одлука од Александар Јелев (Бугарија). До таа одлука беа рамноправни противници. Додека Андреј Чакаровски една мала невнимателност скапо ја плати, при што противникот Роланд Гоз (Унгарија) освои ипон и ја доби борбата. Инаку, Гоз победи на турнирот.

Сепак, ова за нашите млади џудисти е драгоцено искуство во сниорска конкуренција.

На турнирот настапуваат 399 џудисти (275 во машка и 124 во женска конкуренција) од 43 држави.

Резултати

-81 кг
Еди Шерифовски – Александар Јелев (Бугарија) пораз со ипон Р1

-90 кг
Андреј Чакаровски – Роланд Гоз (Унгарија) пораз со ипон и вазари Р2

Вчера

-48 кг
Теодора Димеска – Лоис Петит (Белгија) загуби со ипон

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО