Хорхе Масвидал: Усман ќе ме прегрне и ќе ме гази по ногата

Хорхе Масвидал не е трогнат од бруталните закани од страна на Камару Усман.

Шампионот во полусредна категорија ја одбрани титулата со победа над Жилберт Барнс во Вегас и го предизвика Масвидал на реванш. Камару се закани дека ќе го стави Масвидал во ковчег во нивната втора борба, но Најлошото копиле во ММА не верува во тоа.

На својот профил на социјалните мрежи, Масвидал објави кратко видео од првата борба, во кое го покажа Усман како гази на нозе. Гејбред повторно го потсети Усман дека му го скршил носот во првата битка.

„Планот на Усман да ме стави во ковчег е да ме прегрне и да ми застане на нозе. Кого збудалува ова момче? Можеби неговиот нос“, напиша Хорхе.

https://twitter.com/GamebredFighter/status/1361064195433893890?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1361064195433893890%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dfd92ebbc52fc43fb98f69e50e7893c13schema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FGamebredFighter%2Fstatus%2F1361064195433893890image%3D

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON