Хорхе Масвидал е подготвен со планови за 2020 година и има за цел борби што ќе го направат богат и сака да се бори со Конор Мек Грегор. Тој ќе ја чека разврската меѓу Конор Мек Грегор и Доналд Цероне овој месец, а потоа ќе одлучи што следува за него.
Масвидал сака да покаже дека е најдобар на светот и целта му е и појасот полусреедна категорија. Подготвен е да се бори против Камару Усман, но го претпочита Мек Грегор, затоа што не секогаш ќе има шанса да се бори со златната кокошка. Хорхе е подготвен за сите, но приоритет му е да се бори со Ирецот, за да лапне некоја пара, а потоа ќе го брка Усман.
„Победив многу силни борци оваа година и мора да бидам борец на годината. Тука сум за да останам. Имав многу добра година, но 2020 година ќе биде уште подобра. Подготвен сум за сите во категоријата. Ќе ја освојам титулата и сакам да се борам најдобро. Одам во теретана и го раскинувам газот од вежбање.
Не знам што е следно, но кога ќе го сфатам, глави ќе паднат. Усман се преправа дека не ме познава, но ќе ме сретне во кафезот. Чекам да видам што ќе се случува во битката меѓу Мек Грегор и Цероне. Да, сакам да се борам со него затоа што е поранешен двоен шампион и ќе заработам пари.
Тој излегува да се бори и јас сум подготвен. Ако не го сака тоа, тогаш нема да му се карам. Во средна категорија, јас сум оној кој е следен за титулата. Ако ми се даде шанса да изберам, тогаш ќе го изберам Мек Грегор, а не Усман.
Тоа е затоа што ќе заработам пари и борба со Мек Грегор нема да биде секогаш на агендата. Усман секогаш ќе биде опција. Сакам да им покажам на сите дека сум најдобар. Да, ќе се борам и со Нејт Дијаз, но слушам дека ќе има операција и ќе биде надвор. Ќе заработам пари и потоа ќе се борам против него кога ќе се врати“, порача Масвидал.