Хорхе Масвидал најави можно враќање: Гејџи треба да го брани БМФ појасот против мене

Американскиот ММА борец Хорхе Масвидал во април, по поразот од Жилберт Барнс, реши да се пензионира.

Гејмбред загуби со едногласна одлука на УФЦ 287, а тоа беше негов четврти пораз по ред.

Неодамна Џастин Гејџи со брутален нокаут го победи Дастин Пориер, а на Масвидал му го одзеде БМФ појасот.

Пред неколку дена Хорхе откри дека би можел да се врати на борбите и го прозва Хајлајт.

„Гејџи треба да го брани БМФ појасот против мене. Ако одлучам да се вратам, тој меч треба веднаш да се договори. Сакам да се борам, тоа е дел од мојот живот“,  нагласи Хорхе Масвидал и продолжи:

„Мислам дека Гејџи треба да остане активен и да продолжи да се бори. Секоја борба треба да ја прифати како вистински БМФ. Никогаш не сум одбил борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON