Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Американецот Ивандер Холифилд, кој на 19 октомври ќе го прослави 57-ми роденден, планира да одржи ревијален меч во Јапонија во 2020 година.
Точното место на натпреварот и противникот сè уште не се познати. Како што рече самиот Хелфилд во интервју за „ТМЗ“, тој се согласил на борба за добротворни цели, а не за пари.
„Главната работа е да им се даде на луѓето во Јапонија можност да го видат единствениот четирикратен светски шампион во тешка категорија“, рече Американецот.
Холифилд ја одржа својата последна професионална борба во 2011 година против Брајан Нилсен и од неа излезе како победник со технички нокаут во 10-тата рунда.