Единствениот четирикратен светски шампион во тешка категорија Ивандер Холифилд (44-10-2-1 НЦ, 29 КО) минатиот викенд беше примен во Меѓународната боксерска куќа на славата.
54-годишниот Американец во оваа прилика рече дека не се согласува со оценката дека порастот на популарноста на ММА го загрозува боксот.
„Вистински договор“ смета дека ММА има поинаков и поуспешен маркетинг во однос на привлекувањето на вниманието.
„Јас не мислам дека ММА го презема местото на боксот. Мислам дека ние немаме толку публицитет како ММА. Така што луѓето веруваат во она што го гледаат на телевизија, ние не сме на ТВ како што бевме порано. Луѓето во Америка не зборува толку многу за боксот“, рече тој во текот на интервјуто за Фокс бизнис.