Холифилд до Тајсон: Подготвен сум за тебе

Ивандер Холифилд го предупреди Мајк Тајсон дека е „подготвен за него“. Преговорите за трета борба меѓу диносаурусите во боксот веќе се во тек, а според гласините, двете страни се многу близу до потпишување договор.

Тајсон неодамна се врати во рингот за пресметка против Рој Џонс Јуниор, која заврши нерешено. Сега Холифилд има за цел да се вклучи во акцијата и да забележи трета победа над Железниот Мајк.

„Луѓето го прават она што го избираат со причина. Ако е напишано да се бориме по трет пат, тоа ќе се случи. Можам да кажам дека разговараме и тренираме, бидејќи еден ден ќе се сретнеме во рингот и мора да бидам подготвен“, изјави Холифилд.

Холифилд и Тајсон ќе ги донираат сите приходи од нивната битка за добротворни цели. А, се очекува да бидат околу 150 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON