Холифилд: Џошуа е покомплетен борец од Вајлдер

Четририкратниот светски шампион во тешка категорија Ивандер Холифилд верува дека Ентони Џошуа е подобар боксер од Дионтеј Вајлдер.

Двобојот на ИБФ, ВБА и  ИБО шампионот од една и ВБЦ првакот од друга страна е една од најпоскауваните борби во светот на боксот.

Вајлдер на 4 ноември требаше да ја брани титулата против Луис Ортиз, но Кубанецот не помина на тестот за допинг и мечот, најверојатно, ќе биде откажан. Во тој случај најигледен противник на Вајлдер е задолжителниот предизвикувач Бирмејн Стиворн, против кого „Бронзена бомбардер“ и ја освои светската титула.

Холифилд, кој беше неприкосновен шампион и во тешка категорија и во крузер, на конвенцијата на ВБЦ во Баку вака го коментираше евентуалниот дуел: „Мислам дека Џошуа има предност затоа што е покомплетен борец, но победата зависи од тоа кој ккаов ќе на денот на борбата. Добар си и вредиш само онколку колку што вреди твојата последна борба“.

„Ентони против Владимир Кличко беше во тежок нокдаун и беше повреден. Се врати и покажа дека има срце. Нели научите како да станате додека не завршите на подот. Додека не ве соборат мислите дека не може да ве срушат. Мене прв пат ме соборуваа кога имав 17 години. Не ме болеше, само ми беше срам. Работата беше во станувањето“.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн се надева дека ќе се организира мечот пред крајот на 2018 година. АЏ следната одбрана на титулата ја има кон крајот на овој месец во Кардиф против Кубрат Пулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО