Холи Холм сака двобој со Миша Тејт или уште една средба со Ронда Русеј

Holi Holm trening

Изгелдаше дека УФЦ 196 нема да биде нешто посебно, додека тогашната шампионка Холи Холм не влезе во кафезот со Миша Тејт во подглавниот настан. Двете гладијаторки влегоа во епска битка, која требаше да биде прекината од судиите кога Тејт ја заклучи Холм со rear naked choke. Холм ја изгуби титулата, но таа веќе е подготвена да се врати во кафезот.

Холм демонстрира борбен дух и побара реванш по големата средба, но ако тоа не се случи, таа е подготвена за средба со Ронда Русеј.

„Работите сами ќе се случат. Постојат различни мотиви во однос на прашањето дали ќе се вратам наскоро. За себе знам дека сакам да се борам, кога и каде ќе биде тоа за титулата, веќе не е моја работа. Не можам да кажам што сакам и тоа веднаш да го добијам, тоа е непријатно. Нема кого друг да обвинувам освен себе што ја изгубив борбата. Сега останува само да ја чекам својата шанса.

Ќе бидам среќна за реванш против која и да е од нив двете. Се разбира, ако зависи од мене, јас ќе се одмаздам ​​за поразот, бидејќи тоа остава горчлив вкус во устата. Ќе работам во таа насока, но би прифатила која и да е од двете средби. Така стојат работите. Сакам да ја грабнам секоја можност. Ентузијастка сум за да се одмаздам ​​за поразот. Само тоа ми е во главата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON