По поразот од Холи Холм, Ронда ја доби „народната љубов“ и буквално врз неа се излеаја тони од критики од сите можни места. Не остана фан, аналитичар или борец, кој не го коментираше нејзиниот пораз.
Сепак, имаше и такви што ја поддржуваа. Еден од најголемите противници – Флојд Мејведер и подаде раката и понуди тренинг во неговата школа, за да си ги подобри боксерските преформанси.
Повеќето зборови на поддршка останаа како глас во пустината – од никого не слушнати или поддржани.
Но еден спортист кој има најмногу право да ја напаѓа и да ја исмејуваа не го направи тоа, а тоа е токму Холи Холм. До овој момент, новиот шампион ниту еднаш не кажа лош збор за нејзината противничка, дури продолжува да ја брани!
„Се надевам дека луѓето ќе престанат да ја напаѓаат. Да се биде професионален спортист е исклучително тешко и многу малку луѓе можат да разберат на што се сме подложени.
Кога еден борец ќе влезе во октагонот, всушност, тој чувствува колку е осамен. Во огромниот простор си само ти и твојот противник, а исходот од борбата зависи само од тебе. Малкумина имаат храброст да го сторат тоа.
Милиони луѓе те гледаат. Може да бидеш нокаутиран и да бидеш изложен на опасност – може и да победиш. Ова е една од причините поради која малкумина се осмелуваат да се борат во октагонот. Се борам пред толку многу луѓе и на крајот на мечот ќе се зборува многу за тебе. Може да те фалат, но може и да те унишат со критики“..